Животни

(ФОТО) Легнал да дремне, па се разбуди со предатор на рамо

Долф Волкер, фотограф на дивиот свет и ентузијаст за животни, за време на еден од неговите волонтерски патувања во “Cheetah Experience”, засолниште за загрозени животни во Јужна Африка се разбудил да примети како ѓепард му спие на рамо.

Незаборавната средба се случи во еден особено сончев ден, кога Долф сакаше само кратко да “одмори очи”.

Вистинската позиција ја најде под едно дрво, не знаејќи дека наскоро ќе го дели својот импровизиран кревет со љубопитниот гепард по име Еден.

Додека спиел, Еден му пришол, веројатно заинтригиран од неговото присуство, и решил да се смести до него на дремка.

Благите подбуцнувања од Еден на крајот го разбудиле Долф, кој бил запрепастен, но воодушевен од довербата и наклонетоста што ја покажало ова животно.