10,4 милиони прегледи: Лабрадорот Бо бара бакнеж пред вечера
На повеќето кучиња не им треба некоја посебна мотивација за да се нафрлат на нивната вечера. Всушност, многумина јадат толку брзо што сопствениците мора да бидат внимателни. Но, чоколадниот лабрадор наречен Бо има малку поинаков пристап – тој бара бакнеж во муцката пред да почне да јаде.
Додека го чувала кучето на соседот, тиктокерката Кесиди Барнард ја открила необичната навика на Бо. Пред секој оброк лабрадорот трпеливо чека некој да му даде бакнеж и дури потоа почнува да јаде.
Видеото собра над 10 милиони прегледи и два милиони лајкови. Можете да го погледнете подолу.