„5 раси кучиња кои никогаш не би ги имал“: Ветеринар ги откри причините и тие се многу посериозни отколку што мислите
Ако планирате да земете куче, треба внимателно да размислите за расата. Ветеринарот Амир Анвари, познат по советите на TikTok, издвои неколку раси кои никогаш не би ги препорачал. Иако некои од нив се многу слатки и популарни, тие често доаѓаат со предизвици кои бараат многу време, труд и финансиски инвестиции.
- Дакел
Оваа раса е исклучително популарна, но има свои специфики. Амир објасни дека се тврдоглави и склони кон постојано лаење, особено ноќе. Тие, исто така, често страдаат од анксиозност за одвојување и проблеми со ‘рбетот, како што се хернираните дискови. Нивната тежина дополнително ги комплицира овие проблеми, бидејќи тие имаат тенденција да се здебелуваат.
Сопствениците на дакел мора да бидат многу дисциплинирани“, нагласи ветеринарот.

- Француски булдог
Овие шармантни кучиња, познати по крупните очи и симпатичниот изглед, за жал имаат сериозни здравствени проблеми. Најчесто се соочуваат со проблеми со дишењето, кожни болести и повреди на ‘рбетот.
„Често гледам француски булдози во лекарска ординација поради голем број здравствени проблеми. Иако се преслатки, не би ги чувал лично“, вели Амир.

- Белгиски овчар
Оваа раса бара искусен и активен сопственик. Белгиските овчари се енергични и бараат постојана ментална и физичка стимулација. Без него, тие можат да станат деструктивни.
„Ако работите со полно работно време, ова не е кучето за вас“, советува ветеринарот.

- Бордер Коли
Познати како екстремно интелигентни и вредни кучиња, бордер коли се многу активни и бараат постојано внимание. Ветеринарот ги споредува со кучиња кои имаат „постојана потреба за акција“. Доколку не вежбаат доволно и стимулираат, тие се склони кон деструктивно однесување.
„Оваа раса не е за вас ако не можете да обезбедите секојдневни активности и ментален предизвик“, предупреди ветеринарот.

- Лабрадор
Иако лабрадорите се омилени семејни кучиња, тие имаат свои предизвици. Нивната љубов кон храната често доведува до вишок килограми, што може да предизвика здравствени проблеми.
Ветеринарот ги советуваше сите потенцијални сопственици да бидат свесни за сите обврски пред да изберат одредена раса на кучиња. Многу од сопствениците на кучиња спомнати во видеото признале дека не ни знаеле дека имаат раса која е склона на многу здравствени проблеми.
