Забава

Ако добра квота не те стане од инвалидска количка, нема што да те стане

Балканот – место на традиција, грав, ќебапи и неверојатна склоност кон спортско обложување. Но, она што се случило во една обложувалница некаде во соседството влезе во аналите на спортската и медицинската историја.

Во еден од најнеочекуваните моменти, посетител на обложувалницата – кој пристигнал со инвалидска количка – наеднаш станал на нозе кога дојде ред да стави тикет. Сведоци велат: „Се приближи до шалтерот со количката, ја виде квотата 15.50 за гол во 90+ минута, и како да го удри струја – скокна како да е Лазар од Библијата!“

Некои мислат дека тоа било Божјо чудо. Други се поскептични и велат: „Тоа е силата на тикетот, брат. Кога веруваш дека ќе фатиш 10 од 10, телото само реагира.“ Медицинските експерти сè уште ја анализираат ситуацијата, но психолозите веќе го вклучија феноменот во новата дијагноза: кладиотерапија – краткотрајна, селективна способност активирана при вид на високи квоти.

Обложувалницата одлучи да не го коментира случајот, но дискретно постави ново предупредување на вратата: „Внимавај, не е сè што гледаш тикет – некои чуда се резервирани за неделни дербија.“

Во меѓувреме, еве еден добра идеја за слоган во обложувалницата – кај нас не само што можеш да добиеш, туку и да проодиш!“