Ако не исчистите еден уред во домот, од сметката за струја ќе ве заболи глава: Ова е наједноставниот начин да го решите проблемот
Малкумина ја сакаат работата за одмрзнување на замрзнувачот, но тоа е задача што едноставно мора да ја направиме за да ги одржуваме производите во безбедна состојба.
Koрисници на Tik Tok советуваат како да ја избегнеме вообичаената грешка што сите ја правиме.Велат дека една вообичаена грешка може да резултира со зголемување на вашата сметка за струја за 20 проценти.
– Само два милиметри мраз ќе ви ја зголемат потрошувачката на енергија за 20 отсто – додадаваат тие.
Тие тврдат дека затоа е толку важно одмрзнувањето на замрзнувачот. Всушност, тоа треба да биде една од вашите редовни задачи за чистење.
Споделувајќи совет кој некој ги научил, корисниците на TikTok објаснуваат:
Често ве советуваат да ставите сад со зовриена вода во замрзнувач и да го оставите да ја направи својата магија. Овој совет функционира, но не навистина.Она што навистина треба да го направите е прво да го исклучите замрзнувачот и да ја отстраните целата храна. Потоа ставете ги крпите на подот. На крај мразот оставете го сам да се стопи .