Американка ги откри животните предизвици на брод за крстарење: „Го прескокнувам сопругот за да стигнам до тоалетот“
Патување низ светот, да се биде во нова земја секоја недела, да се будите со поглед на океанот и да го започнете денот со богат појадок на шведска маса – звучи како живот од соништата. Но, како што открива Кристин Кестело, има и друга страна на реалноста на животот на брод за крстарење.
Кристин (43), на социјалните мрежи позната и како @christinekesteloo, половина година ја поминува на отворено море. Нејзиниот сопруг работи како главен инженер на бродови за крстарење и Кристин редовно го придружува на неговите патувања. Неговиот распоред вклучува три месеци работа, потоа три месеци одмор, што значи дека парот живее на бродот околу шест месеци годишно – и тоа на сметка на компанијата.
Иако на почетокот звучи идилично, Кристин откри дека живеењето во бродска кабина има свои предизвици. “Бањата е тесна, а распоредот е малку чуден. Ноќе морам да го прескокнам сопругот за да стигнам до тоалетот”, рекла таа, пренесува Daily Mail.

Губење на чувството за време и тесен простор
Еден од најголемите предизвици, вели Кристин, е губењето на ориентацијата во деновите. „Деновите ги нарекувам според пристаништата во кои се наоѓаме – Денот на Барселона, Денот на Неапол… Но често и тоа не помага. Поради временската разлика, често ги заборавам родендените на блиските луѓе.
Сепак, нејзиниот номадски начин на живот ја однесе во дури 109 земји – вклучително и егзотични дестинации како Француска Полинезија. Иако кабината не е пространа, Кристин вели дека е „голема како некои студио-апартмани во Њујорк“.
Заедничкиот живот на толку мал простор не е проблем за неа и нејзиниот сопруг. „Во брак сме три години и ни е сосема добро со оваа постојана блискост.

Без готвење, чистење и средување
Една од најголемите предности, признава Кристин, е тоа што на бродот нема домашни обврски. „Јас не готвам, не се перам, не го средувам креветот… Навистина ми се допаѓа тоа“.
Иако е свесна дека некому може да изгледа чуден нејзиниот начин на живот, Кристин вели дека не се жали. Можеби некои ќе ме осудат, но знам дека е привилегија да можам да го доживеам светот вака“.