ЗабаваПопуларно

Американка ја посети Европа, била импресионирана западните земји, го доживеала шокот од животот на Балканот: „Се чувствував како плен, мажите ме гледаа додека беа со сопругите и децата“

Ив Ковач, 19-годишна патничка од Конектикат, ја започнала својата соло авантура во Европа само неколку месеци откако наполнила 18 години. За три месеци посетила седум европски земји, но едно од најнепријатните искуства го доживеала во Албанија, каде вели дека не се чувствувала безбедно!

За време на патувањето, Ив ги документирала своите искуства на Инстаграм, каде собрала 154.000 следбеници под името „Оутодор Ив“. Нејзината авантура не била само за истражување на светот, туку и за докажување дека светот, иако огромен, може да биде полн со добри луѓе. „Бев во право“, вели Ева, иако некои искуства, особено во Албанија, и оставиле горчлив вкус.

Во Албанија имала чувство на несигурност

Ив раскажала за неколку непријатни ситуации кои и се случиле во Албанија. „Во супермаркет некој ме допираше за коса и неколку луѓе ме фотографираа. Мислам дека тоа е затоа што сум ниска плавуша со сини очи, па веројатно бев лесна мета“, објаснува таа, нагласувајќи дека често се чувствувала како „плен“ за време на престојот во оваа земја. Вели, мажите ја гледале додека биле со сопругите и децата.

Најбезбедно се чувствувала во Норвешка

Норвешка за разлика од Албанија оставила сосема поинаков впечаток на Ив. „Норвешка ме шокираше со тоа колку безбедно се чувствував таму. Веќе вториот ден ги симнав катанците од багажот“, вели таа, додавајќи дека иако не го доживеала топлото добредојде како во Италија, чувството на сигурност било присутно низ неа.

Италија е нејзината омилена дестинација

Иако во Норвешка пронашла чувство на сигурност, за Ив Италија била посебно место кое и го заробило срцето. „Моето омилено место во Европа е брегот Амалфи во Италија! Таму најдов неверојатно гостопримство, сурфање и земјоделство“, вели таа, објаснувајќи дека Италија се издвојува како нејзина омилена дестинација.

Сепак, престојот во Грција и донел сосема поинакво искуство. „Мојот хостел во Грција беше полн со бубачки. Тоа беше вистински кошмар. Спиев во хамок и го напуштив хостелот следното утро.