ЗабаваПопуларно

„Анестезијата не делуваше, бев парализирана од болка, а болничарот ме допираше на непристоен начин“: Отиде во Турција на корекција на импланти, а доживеа хорор

Кејла, која сега заработува 40.000 фунти месечно преку OnlyFans, вели дека сакала да помине поевтино и пред неколку години отпатувала во Турција во рамки на „all inclusive“ пакет кој ги опфаќал летот, сместувањето и операцијата.

Ѕвездата на OnlyFans, Кејла (30), родум од Нов Зеланд, на своите 2,2 милиони следбеници на TikTok им раскажа дека била будна за време на целата операција на бразилски лифтинг на задник (BBL), се сеќавајќи се како лежела на операционата маса „парализирана“, внатрешно „вриштејќи“ од болка.

По операцијата, Кејла почнала да „повраќа крв“ и „губи свест“, опишувајќи ја својата ноќна мора — вклучувајќи и наводно сексуално вознемирување за време на престојот во болницата.

„Две медицински сестри се грижеа за мене, а една ме облекуваше пред испис од болницата. Штом ја напушти собата, машки болничар веднаш почна да ме допира на непристоен начин додека ме облекуваше“, раскажа таа.

Кејла тврди дека тоа се повторило и во лифтот додека ја напуштала клиниката. Како мајка на две деца, вели дека сеќавањата на тој инцидент ѝ се вратиле дури еден до два месеци по операцијата.

„Само седев во кујна и почнав да плачам затоа што сè ми се врати. Како моето тело да било во таков шок од операцијата што го потиснало сеќавањето додека не бев подготвена да го обработам“, рече таа.

Кејла објасни дека сакала поевтина варијанта и затоа отпатувала во Турција со целосен пакет што вклучувал лет, хотел и хируршка интервенција.

„За малку ќе умрев од првата операција во Турција“, започна во своето осумминутно TikTok видео кое досега има над 1,9 милиони прегледи.

„Можам да бидам импулсивна, и дефинитивно се решив пребрзо, без да размислам за можните компликации“, продолжи таа.

Кејла, која на TikTok објавува исповедни видеа за својот живот како ескорт, рече дека се надева оти нејзината приказна ќе ги натера младите жени „двапати да размислат“ пред да се одлучат за евтини естетски операции во земји како Турција.

Во тоа време, таа мислела дека направила доволно истражување — ја проверила клиниката, ги читала рецензиите и ги гледала фотографиите „пред и после“ на веб-страницата.

Додала дека комуницирала со докторот преку WhatsApp, кој ѝ рекол дека е „одличен кандидат“ за BBL.

Иако првично се чувствувала сигурно, сè тргнало наопаку штом пристигнала во Турција — затоа што не можела да стапи во контакт со хирургот.

Кога конечно го сретнала, ѝ рекол дека нема доволно масти за посакуваните резултати. Оваа процедура користи масти од колкови, стомак или грб (со липосукција), кои потоа се вбризгуваат во задникот.

„Имав доволно масти, намерно се здебелив за оваа операција“, рече Кејла.

„Имам чувство дека само сакаше да ми ги намали очекувањата, знаејќи дека ќе ја заврши работата евтино и неквалитетно“, додаде таа.

И покрај сè, останала оптимистична — сè додека не сфатила дека е будна за време на исклучително болната операција.

„Се сеќавам дека ги слушав како разговараат, а не можев да го мрднам телото. Бев парализирана, а солзите само ми течеа од лицето од болка. Не можев ништо да направам. Само лежев и внатрешно врискав. Очигледно не ми дадоа доволно анестезија“, рече таа.

По наводно неуспешната операција — која подоцна ја поништила во Австралија — треперела и повраќала крв од шок.

Постоперативната нега исто така била лоша — ја ставиле да лежи на грб, иако пациентите треба да лежат на стомак најмалку шест недели. По само еден ден ја замолиле да ја напушти болницата, иако физички сè уште била кревка и губела свест. Во таа ранлива состојба, Кејла тврди дека болничарот ја вознемирувал уште двапати додека ја пресоблекувал.

„Ве молам, не правете како мене и не завршете во некоја луда ситуација“, заклучи таа.

Нејзините фанови ја пофалија во коментарите за храброста што го сподели искуството и предупреди на темната страна од естетската индустрија во Турција.

„Ти благодарам што сподели дел од својот живот со нас и што не се плашиш да ги предупредиш другите. Беше поискрена отколку што интернетот заслужува.“

„Се надевам дека приказната на Кејла ќе ги натера младите жени добро да размислат пред да се одлучат на сериозни естетски операции како BBL.“

„Подобро е да се штеди подолго и да се оди кај познат хирург, отколку да се ризикува со сомнителни понуди.“

„Девојко, те молам провери дали не ти недостасува бубрег или некој орган. Сум слушнала многу приказни за лекари во Турција и други земји кои им вадат органи на пациенти што одат на пластични операции.“

Кејла го отвори својот OnlyFans профил во 2022 година. Пред тоа работела како личен тренер, но сакала повеќе од животот. Наскоро по почетокот, започнала да заработува повеќе од 15.000 фунти месечно. Оттогаш многу вложила во недвижнини — вклучително и куќа со четири спални соби на брегот на Голд Коуст, вредна 1,7 милиони фунти, со базен. Исто така, поседува куќа со три спални соби вредна над 300.000 фунти, која ја издава.

Работи и на своја линија сексуални играчки во соработка со компанијата Vush, а за Daily Mail изјавила:

„Никогаш не мислев дека мојот живот ќе изгледа вака. Но, си изградив кариера, публика и животен стил по свои правила. Тоа е моќно.“