Бананата залепена со селотејп на италијански уметник продадена за 6.200.000 долари
Уметничка инсталација со банана залепена на ѕид беше продадена на аукција на Сотби во Њујорк за 6,2 милиони долари.
Делото на италијанскиот уметник Маурицио Кателано го купил кинескиот крипто-претприемач Џастин Сан, кој надминал шест други понудувачи. Аукцијата траеше повеќе од шест минути.
Џастин Сан, кој има проценета нето вредност од 1,43 милијарди долари, на X (поранешен Твитер) рече дека „во наредните денови тој лично ќе ја изеде бананата како дел од ова уникатно уметничко искуство, почитувајќи го нејзиното место во историјата на уметноста и популарна култура“.
„Ова не е само уметничко дело, тоа претставува културен феномен што ги поврзува световите на уметноста, мемињата и заедницата на криптовалути. Верувам дека ова парче ќе инспирира повеќе размислување и дискусија во иднина и ќе стане дел од историјата. Чест ми е што сум горд сопственик на оваа банана и со нетрпение ги очекувам нејзините понатамошни инспирации и влијание врз уметничките ентузијасти ширум светот“, додаде Џастин Сан.
Оваа уметничка изложба привлече рекордна публика на своето прво прикажување во 2019 година.
Во исто време, ова бизарно парче предизвика толку многу контроверзии и потреси меѓу толпата што мораше да биде отстрането од просториите пред крајот на изложбата.
Дури и еден посетител изел банана, но ја залепил кората со селотејп, но авторот и организаторите на изложбата рекле дека тоа не е проблем и дека бананата секако се менува секој втор или трет ден.
Патем, муштеријата не ја купил оригиналната позната банана, туку само упатства како да го замени овошјето кога ќе скапе.
Пред аукцијата во Њујорк, ова уметничко дело го обиколи светот вклучувајќи ги Лондон, Париз, Милано, Хонг Конг, Дубаи, Тајпеј, Токио и Лос Анџелес.