Забава

Бизнисмен од Дубаи купил остров за да може неговата сопруга да носи бикини

Домаќинката и инфлуенсерка од Велика Британија Соуди ел Надак (26) на Инстаграм објави видео во кое тврди дека сопругот и купил остров за да се чувствува безбедно на плажа.

Видеото на Соуди ел Надак, која ја следат повеќе од 330.000 луѓе на таа социјална мрежа, за помалку од една недела го погледнале повеќе од 2,4 милиони луѓе, пишува Hindustan Times.

Нејзиниот сопруг, бизнисменот од Дубаи, Џамал Ел Надак, го сподели истото видео со натпис: „Сакавте да купите бикини, па вашиот сопруг ви купи остров“.

Како што изјавила за Hindustan Times, таа го запознала својот сопруг додека студирала во Дубаи и во брак се повеќе од три години.

Таа одби да ја открие точната локација на островот освен дека е во Азија и дека чинел 50 милиони долари.