Забава

Била една од најубавите Југословеники, заработувала огромни пари, но голите фотографии скапо ја чинеле

Бернарда Маровит денес е поуспешна од кога и да е, а нејзиниот изглед и денес остава без здив.

Словенката Бернарда Маровит била Mис Југославија во 1982 година, а таа титула ја освоила на натпреварот одржан во Загреб. Била една од најубавите девојки кои ја однеле титулата, а сепак била исфрлена од натпреварот Мис на светот.

Имено, нејзината убавина и сексапил биле воочени и на изборот за Мис на светот каде ја освоила титулата Мис фотогеничност.

Таа била фаворит и за ласкавата титула Мис на светот, но британските таблоиди објавиле нејзини разголени фотографии и така била дисквалификувана од жирито.

Оваа жена била прогласена за топ-модел во Италија и топ-модел во Европа, а на врвот од кариерата заработувала и по 3.000 долари дневно.

Денес има 61 година и, и натаму работи како модел и снима реклами. Подолги години во Словенија организира меѓународен натпревар за фотомодели, а отворила и училиште за манекенство за млади. Често учествува во организација на модните ревии и настани.