Благајник украде 29.000 долари од училиште за да уплати кладилница!
Благајник од школо во Балтимор одлучи да украде 29.000 долари кои беа собрани за добротворни цели за да може да игра спортска!
Според “The Baltimore Banner”, Џејмс Мајкл Харис кој служи како благајник за средното училиште “Stemmers Run” во Есекс, Мериленд е обвинет за кражба на пари собрани од учениците од училиштето преку продажба на чоколади.
Обвинителите рекоа дека кражбата се случила помеѓу април 2022 година и март 2023 година. Харис, наводно, ја испразнил непрофитната банкарска сметка на училиштето, користејќи “PayPal” за да си ги испрати парите, кои потоа ги користел за да се коцка на спорт.
„Тие деца работеа толку напорно за да ги соберат тие пари и не добија ништо за тоа“, рече директорката на школото. „Навистина е разочарувачки“.
Харис го чека максимална казна од 10 години затвор, иако досега на училиштето вратил 8.000 долари. Додека државата бара затворска казна, Харис и училиштето дојдоа до спогодба за признавање вина што го одложува изрекувањето на казната за шест месеци додека Харис плаќа надомест.
Во меѓувреме, училиштето не можеше да ги врати 6.815 долари што ги должи на производителот на чоколадите, “Worlds Finest Chocolate”. Сепак, речиси половина од салдото беше простено, оставајќи долг од 3.407,50 долари во наплата.
„Ние секогаш ќе ги поддржуваме нашите училишни партнери и со нетрпение очекуваме да продолжиме да им помагаме на училиштата да собираат средства“, рече портпаролката на “Worlds Finest Chocolate”, Џенифер Тејлор.