Забава

Боење јајца за Велигден на традиционален начин: Направете сами природни бои!

Велигден се ближи, што значи дека е време да се подготвиме за традиционалното боење јајца. Додека многумина размислуваат за бројот на јајца што ќе ги обојат, важно е да се размислува и за методите и боите што ќе се користат.

Наместо класични бои и хемиски адитиви, ви претставуваме природни техники на боење кои се подеднакво ефикасни и економични. Еве неколку идеи кои ќе ви помогнат да добиете убави, живописни бои.

Црвена боја

За да постигнете природна црвена боја, изрендајте 2-3 корени цвекло и сварете ги во литар вода. Оваа боја е идеална за јајцето кое ќе биде чувар на куќата.

Жолта боја

За да постигнете интензивна жолта боја, користете сува камилица. Во половина литар вода додадете една лажица сува камилица и варете на тивок оган околу 30 минути. Додадете малку оцет за дополнителен сјај.

Зелена боја

Свежиот спанаќ грубо исечкајте го и употребете го како природна боја. Варените јајца тријте ги од спанаќот или варете ги заедно со него за совршена зелена боја.

Виолетова боја

За да добиете виолетова боја, користете виолетова зелка, лаванда или виолетови цветови. Во 250 мл топла вода ставете една шака виолетови цветови и варете околу 20 минути.

Модели на јајца

Ако сакате да додадете шари на јајцата, користете сок од лимон за да спречите боење на деловите што не сакате да ги обоите. За шари, можете да користите волнен конец или гумени ленти за различни дезени и украси.

Овие природни техники на боење јајца не само што се еколошки, туку ќе ви овозможат да создадете убави и оригинални креации за Велигден.