ЗабаваПопуларно

Бугарските матурантки блескаат како диско топки: Мет Гала од „Али Експрес“

На матурската прослава во Пловдив, бугарските матурантки се појавија во фустани преполни со светки, бисери и блескави детали, предизвикувајќи вистинска бура на социјалните мрежи.

Јуни е месецот кога матурантките низ целиот регион со нетрпение го чекаат моментот да заблескаат во своите фустани, често инспирирани од стилот на славните ѕвезди. Се чини дека оваа година девојките во Бугарија црпеле инспирација од Мет Галата – но во далеку понагласена, па дури и претерена верзија.

Веќе неколку дена по социјалните мрежи кружат видеа од матурската вечер во Пловдив, а фустаните – благо речено – заслепуваат од сјајот на светките, бисерите и блескавите детали.

Доминираа долги фустани со длабоки шлицеви, а најмногу внимание привлече тоалета со метален корсет.

Веднаш по неа се истакна и обемна сина креација, а на „трендот“ му се приклучија и момчињата – наместо класични и елегантни одела, избраа нешто што повеќе ќе се истакне и ќе привлече погледи.

Коментарите на мрежите се поделени – од воодушевени од стилот, до саркастични споредби со „Мет Гала од Али Експрес“. Многумина се прашуваат што би рекла Ана Винтур, уредничката што стои зад вистинската Мет Гала, која секоја година се одржува во Метрополитен музејот во Њујорк.

Сепак, нереално е да се очекува од млади девојки кои штотуку ја завршиле средното образование да имаат средства за автентична реплика на стилот на холивудските диви кои со години доминираат на црвениот тепих.

Иако стилот на бугарските матурантки можеби „бодеше очи“, неспорно е дека секоја се издвојуваше на свој начин, а радоста и добрата атмосфера беа неизбежен дел од вечерта.