(ВИДЕО) Бездомник заспал на клупа, па се разбудил како милионер – Менаџерот на продавницата му ја соопшти веста, речиси се онесвести од шок!
Бездомник од Калифорнија преку ноќ стана милионер откако ја освои главната премија на лотарија.
Со само 25 долари во џебот, сега планира целосно да го промени својот живот – да купи куќа, автомобил и засекогаш да ја напушти улицата.
Среќниот лоз го купил во продавницата Sandy’s Deli-Liquor во Сан Луис Обиспо, каде што редовно навраќал. Откако го изгребал лозот и сфатил дека ја освоил главната награда, извикал: „Повеќе не сум бездомник!“ Менаџерот на продавницата, Вилсон Саман, веднаш лично го однел добитникот до канцеларијата на Калифорниската лотарија за да ја пријави добивката.
Прераскажувајќи го моментот, Саман изјавил:
„Доаѓа бездомникот, го изгреба лозот и ме прашува да проверам – ’О, Боже, дали е ова вистина?‘“
Кога Саман сфатил дека добитниот лоз вреди еден милион долари, му ја соопштил веста на добитникот, кој бил во шок. Прво мислел дека освоил 100.000 долари, но Саман го поправил: „Тоа е еден милион долари!“
Саман, кој работи во продавницата од 2013 година, вели дека никогаш дотогаш не видел ваква добивка. По проверката на лозот, тој веднаш се понудил лично да го однесе добитникот во Фресно, за да ја пријави наградата.
„Ова се милион долари. Не се праќа пошта – јас те возам,“ изјавил Саман.
Портпаролката на Калифорниската лотарија, Каролин Бекер, појасни дека постои детална процедура за верификација на добитни лотови вредни милион долари, која може да потрае.
„Обработуваме повеќе од 10.000 добитни лозови месечно, па процесот знае да биде подолготраен,“ изјави Бекер.
Иако добитникот одбил интервјуа со медиумите, за локален новинар изјавил дека оваа сума му го менува животот. Планира да уплати капар за куќа, да купи автомобил, да инвестира дел од парите, а остатокот да го заштеди.
На својот Instagram, среќниот добитник ја споделил радоста:
„Едвај чекам да ја напуштам улицата.“
Овој неверојатен пресврт во животот е доказ дека судбината може да се промени за миг – и бездомникот од Калифорнија сега има шанса да започне сосема ново поглавје, далеку од животот на улица.