(ВИДЕО) БОЛЕН ТРЕНД НА ТИКТОК! Од бизарна причина купуваат мајчино млеко на црниот пазар! Инфлуенсерот го опиша вкусот: „Многу e слатко и питкo…“
На социјалната мрежа ТикТок се појави видео кое предизвика збунетост кај корисниците, бидејќи од една страна некои беа згрозени од тврдењата, а други загрижени дали овој бизарен случај може да стане тренд.
Имено, еден фитнес инфлуенсер на својот ТикТок сподели како евтино купува мајчиното млеко на црниот пазар, а потоа го користи во секојдневната исхрана како извор на протеини.
Видеото предизвика бура од реакции, особено кога инфлуенсерот го објасни вкусот на мајчиното млеко, кое по правило е храна само за бебиња.
“Вкусот на мајчиното млеко е како млекото што останува на дното на садот кога ги јадете вашите житарки. Многу слатко за пиење” – објасни инфлуенсерот
Откако стана вирално видеото се огласи и доктор од Тик Ток. Д-р Каран Раџ објасни зошто мајчиното млеко не е погодно за консумирање за возрасни.
“Доколку планирате да пиете бебешко млеко, треба да знаете неколку работи. За почеток, мајчиното млеко содржи помалку протеини од кравјото – мајчиното млеко содржи 1,1 отсто, додека кравјото млеко има 3,2 отсто за истата количина. Ако планирате да го пиете за мускулна маса, иако мајчиното млеко содржи хормони за раст – кои имаат корист за бебињата и нивниот правилен развој – нема истражување за поддршка на теоријата дека тие помагаат во тренирањето и развојот на мускулната маса кај возрасните” објасни д-р Каран.
Дополнително објасни дека мајчиното млеко содржи повеќе лактоза, која помага во развојот и одржувањето на дигестивниот тракт кај бебињата.
“Бебешкото млеко дава плацебо ефект кај возрасните, а со конзумирање на ова млеко од непознат извор и без проверка се изложувате на поголем ризик од патогени и инфекции”, кажа докторот.