(ВИДЕО) Вака изгледа детски роденден во Дубаи: Цртаат на Ферари од 446 илјади евра
„Дали немаше други игри за деца? Што ќе научат од ова?“, „Ова е причината зошто повеќе не живеам во Дубаи“, се дел од коментарите.
Видео од детски роденден во Дубаи стана вистински хит на социјалните мрежи. Додека повеќето мали деца си играат со играчки, боички и балони на своите родендени, во градот на сјајот и богатите луѓе, децата бојадисуваат скапо жолто Ферари.
Децата го опколија автомобилот вреден 500.000 долари или околу 446.000 евра и со четки ги покажаа своите уметнички способности.
„Дали немаше други игри за деца? Што ќе научат од ова?“, „Еве зошто повеќе не живеам во Дубаи“, „Мојот син би го сакал ова“, „Можеби треба да размислите да им помогнете на оние кои немаат доволно во животот и да ги научите вашите деца реални животни вредности“, се само дел од коментарите.