Забава

(Видео) Ве поздрави Снеже нокти втор профил

Добри нокти се добри нокти, но што ако не се практични?

Практичен нокт знаете што е. Кога растевме практичен нокт имаа некои чичковци на мал прст и викаа дека им требал за да вртат документи. На оние што знаевте дека не работат со документи веројатно им бил потребен за да чепкаат во нос.

Денеска, кога конкуренцијата на пазарот за нокти е огромна, мора да се најде нешто што ќе ве пробие на врвот. Секоја дама можеби има убави нокти, но дали секоја има и практични?

Така, ова видео ви прикажува нокт во форма на виљушка. Па божем вие не знаете за што се користи виљушка, ви пoкажуваат дека можете да јадете торта, можете да набодете корнишон, да сркате шпагети…

Но, не мора сите 10 нокти да ви бидат како виљушка. Можете еден да го направите како чачкалица за да ги пројдете забите после јадење.

Секоја чест на кој му текна.