(ВИДЕО) Епа замисли да живееш тука
Околу 20 илјади луѓе живеат во комплексот „Regent International Residential“, огромна зграда во градот „Qianjiang Century“ во деловната област Хангжу, Кина.
Со оглед на тоа што внатре во зградата можат да ги најдат сите нешта кои им се потребни, жителите на овој комплекс навистина немаат потреба да излегуваат надвор доколку не сакаат.
Зградата, која била дизајнирана како луксузен хотел, се простира на 260 квадратни метри, висока е 206 метри и има 39 ката, што ја прави една од најголемите згради во Кина.
Комплексот може да прими до 30.000 станари.Овој мал град вклучува многу објекти, како што се ресторани, берберници, салони за маникир, супермаркети, базени и кафулиња…
Инаку, киријата на помалите станови без прозорци обично чини околу 195 евра месечно, додека поголемите станови со балкони околу 520 евра месечно.