ЗабаваПопуларно

(Видео) Жени од Британија реагираат на топлес фустани во 1964-та година: “Одвратно е, здрава жена не би го носела”

Модата е отидена многу напред, па нешто што се носи денес тогаш би било незамисливо, а во повеќето случаи и обратно.

Во 1964-та година на жени во Лондон им покажуваат кукли со топлес фустани, а ова се нивните реакции:

„Одвратно. Ниедна барем малку пристојна жена не би го носела ова“, вели една девојка.

„Одвратно! Не знам, одвратно е, јас не би носела нешто вакво“, вели друга, а трета додава дека “ниедна девојка при здрав разум не би облекла нешто таков”.

Ние наш коментар не даваме, ама овие жени кои денеска се баби веројатно би имале нешто да кажат и за денешната мода.