ЗабаваПопуларно

(ВИДЕО) Животот во овој град за многумина е незамислив: „Вака го замислувам пеколот“

Тиктокерот Џексон, кој го има корисничкото име@journeyofjackson на социјалната мрежа, често објавува видеа од градот Чункинг, Кина.

Во последното видео, кое собра над 17 милиони прегледи за еден ден, Џексон покажа како е да се живее и да се патува таму.

„Зошто е толку тешко патувањето во Чунгкинг Сити? Прво, морам да се симнам од 18-ти кат во зграда без лифт. За среќа, морам да се симнам неколку ката, бидејќи приземјето е на 12-ти кат. Тогаш влегувам во метрото, кое личи на тобоган. Возот буквално оди низ станбена зграда, зошто да не?“ опишува Џексон.

Тој тогаш изјави дека патувањето со воз му е прилично стресно, па покажа како функционираат автобусите. Но, тој не беше воодушевен.

„И така, автобусот некако ме однесе 20 ката во небото“, заклучил тој на видеото кое за само еден ден собра повеќе од два милиони лајкови.

На многу од следбениците на Џексон таквото патување со воз и автобус им било многу чудно, но од друга страна многу интересно.

„Кул, колку е киријата таму? прашал еден следбеник, а Џексон одговорил 200-500 долари месечно.

„Дали Google Maps работи таму?“, „Не можам да сфатам дали ова е кул или страшно за мене“, „Не разбирам како се доставува мебелот таму“, „Ова би ми оставило кошмари“, „Тоа е стресно само за гледање “, „Вака го замислувам пеколот“, се коментарите под видеото.

Имено, во тој голем кинески град на реката Јангце има згради низ кои секојдневно минуваат возови, а во некои има дури и станица.

Во кинескиот “Moutain city”, како што често го нарекуваат поради големиот број облакодери, живеат повеќе од 32 милиони луѓе, па секој сантиметар од просторот е скапоцен.

Затоа архитектите смислиле начин како да заштедат простор, а во исто време да изградат железница, без која градот нема да може да функционира.

Во градот Чунгкинг градската железница или метро минува низ „дупка“ во облакодер од 19 ката. Споменатата зграда и придружната станица набрзо станаа туристичка атракција поради тоа. Оваа метро станица во облакодер од 19 ката се вика Лизиба и го зафаќа просторот од шести до осми кат.

Многумина веројатно се прашуваат дали бучавата од возовите што минуваат не им пречи на жителите. Имено, станицата и самата железница се изградени на посебен начин, со цел да се намали бучавата. Возот наводно не е погласен од машината за перење.