(ВИДЕО) Не ни прозборел, а веќе свири како вистински мајстор: Бебе седна зад тапани и ги шокираше родителите!
Кеси Ајвзес од Велика Британија пред неколку месеци му купила на својот сопруг Весли, инаку музичар, сет тапани како подарок.
Но, не ни претпоставувала дека токму тој подарок ќе открие неверојатен талент кај нивниот син Калум, кој има само 19 месеци.
Откако Весли почнал да свири, малиот Калум внимателно го набљудувал, а потоа – сосема спонтано – седнал зад тапаните.
Реакцијата на детето ги оставила родителите без зборови. Иако сè уште не зборува целосно и само што почнал да оди, Калум почнал да свири тапани како вистински професионалец.
„Бевме во шок! Се гледаме и си велиме: ’Што се случува овде?‘ Нашиот син свири како да вежбал со месеци“, раскажува мајката Кеси и додава дека Калум уште како бебе покажувал интерес за ритам:
„Откако можеше да седи, му дозволував со дрвена лажица да удира по превртена тенџериња. Изгледа дека талентот уште тогаш почна да се развива.“
Малиот Калум доаѓа од музичко семејство – татко му е музичар, мајка му пејачка. Весли признава дека сцената каде синот му седи зад тапаните длабоко го трогнала.
„Кога го видов Калум како свири, веднаш помислив на тоа како Кеси и јас се запознавме преку музиката. А сега имаме дете кое живее истата таа приказна. Тоа беше моментот кога сè се поврза“, вели Весли.
Родителите го објавиле видеото од Калум на социјалните мрежи, не очекувајќи дека ќе стане вирално. Луѓето биле воодушевени, а прегледите за кратко време достигнале милионски бројки.
Калум денес има и свои профили на мрежите, каде родителите редовно објавуваат видеа од него како удира по тапани – но и по маси, боички и играчки.
„Сам научи да свири со десната рака преку левата, правилно ги држи палките, го следи ритамот … Тоа е навистина неверојатно“, вели Кеси.
Видеата од Калум, кој во пелени и со насмевка свири песни од Green Day, ги разнежиле милиони луѓе ширум светот. А родителите порачуваат – ова е само почеток.