(ВИДЕО) Позитива на денот: 97-годишен агилен Македонец е хит на ТикТок
Често слушаме муабети од типот дека новите генерации живеат и ќе живеат подолго поради напредокот на медицината, но често не демантираат луѓе во поодминати години кои едноставно поради начинот на живот – дали постојано движење и работа, дали чист воздух, дали здрава и природна исхрана (која што самите ја одгледуваат), знаат да тераат и до 100 години.
На ТикТок профилот “@tailormadedigitalagency” се појави едно видео кое ни го привлече вниманието. На самото видео пишува “Look at dedo. 97 and going strong. Look at the garden” или во превод: „Погледнете г“
Авторотот сугерира дека дедото, и покрај неговите поодминати години, стои поисправено многу помладите од него, се уште не се плаши и не одбива работа, а градината му изгледа како да ја уредува некој помлад градинар.
На истиот профил можете да најдете многу симпатична содржина од овој дедо и неговата сопруга, а дел од тие видеа можете да ги погледнете во продолжение.