Забава

(Видео) Целиот Балкан се изнасмеа на рекламата за прозорци! „Ова може да се реши лесно“

Ако сте активни на некоја од популарните социјални мрежи, Фејсбук, Инстаграм или ТикТок, тогаш речиси сигурно налетавте на смешната реклама од Србија за прозорци.

Рекламата најпрво беше споделена на профилот на ТикТок на компанијата од Србија која произведува алуминиумска и ПВЦ столарија.

Реклата, верувале или не, за многу кратко време собра преку 2 милиони и прегледи и околу 160.000 лајкови на ТикТок.

Реклмата почнува со една жена која го критикува својот сопругот од надвор, а потоа се појавува вработен во компанијата го затвора прозорецот и вели: „Ова многу лесно може да се реши“, додека жената повеќе не се слуша што зборува.

„Маркетинг волшебници“, „Не разговарам со сопругата поради оваа реклама“, „Совршен маркетинг“, „Одглуми премногу добро“, гласат коментарите под споменатото видео кое можете да го видите во продолжение.