Забава

Го проверувате телефонот на вашиот партнер? Еве што точно значи и што кажува за вас

Довербата се смета за основа на секоја врска, вклучувајќи ја и љубовта.

Ако недостасува, не може да има стабилна врска меѓу две лица. Класичен пример за недоверба е прелистувањето низ телефонските пораки или е-поштата на некој близок. Сепак, дали понекогаш е оправдано да го земете телефонот на вашиот партнер во раце, без негово знаење?

Можеби мислите дека таквото однесување може да значи крај на романтична врска. Но, најновото истражување покажува дека повеќе од половина од луѓето кои се во среќна врска (па дури и брак) од време на време ги проверуваат пораките на телефонот на својата сакана/сакан.

Исто така истите тие луѓе признаваат дека нивната намера не е да утврдат неверство или нешто слично, туку едноставно љубопитност. Освен тоа и самите велат дека сосема реално очекуваат и нивниот партнер да го направи истото.

Ќе ве изненади и фактот дека мажите се тие кои повеќе „чепкаат“ на телефоните на својата поубава половина. Тие обично избираат време кога девојката е во бањата или кога заспива навечер, за да ги прегледаат нејзините разговори со другите луѓе во мир. И иако не бараат докази дека некоја личност се допишува со други мажи и на тој начин ја загрозува нивната врска, ваквата љубопитност навистина може да ја разниша врската, доколку се открие, тврдат стручни психолози.

Што може да те предизвикува да го проверуваш неговиот телефон?

Како прво, ако претходно сте доживеале неверство, во вас секогаш ќе го има тој мал црв на сомнеж. Ако бившиот ве изневерил, ќе ви треба многу труд и време за да научите како повторно целосно да му верувате на некого. Што е сосема разбирливо. Од друга страна, со оваа активност се занимаваат луѓе со ниска самодоверба. На пример, ако вашиот партнер има добар број пријателки или жешки соработници за кои знаете, многу е веројатно дека ќе сакате да дознаете како тој комуницира со нив.

Како да се ОДОЛЕЕ на искушението?

Имено, доколку некогаш добиете шанса да ги прочитате пораките на вашата сакана, првото нешто што треба да си го поставите е прашањето – зошто го правам ова? Дали постои причина да се сомневате во вашата сакана?

Ако има, тоа сигурно не се решава со читање на неговите пораки со други луѓе. Комуникацијата е најважна, бидејќи води до зголемување на довербата меѓу партнерите. Најлошото нешто што може да ви се случи е погрешно да ги протолкувате прочитаните пораки и да предизвикате расправија или дури и раскинување поради непромисленост.

Запомнете, ако некој не ја заслужува вашата доверба, тогаш не треба да бидете во врска со таа личност.