Дали вашето куче често ја става шепата врз вас? Еве што сака да ви каже!
Нашиот најдобар пријател, кучето, комуницира со нас на различни начини, а понекогаш треба да погодиме што сака да ни каже. Дали знаете што значи кога кучето ќе ја стави шепата на вас?
Најчестиот начин на кој кучињата комуницираат е лаењето, што најмногу го разбираме, но што значи ставањето на шепата? Одговорот на ова прашање го даде ветеринарката Сара Вутен
„Многу кучиња комуницираат со своите шепи, а причината за тоа е многу едноставна – ние ги научивме да го прават тоа“. Кога кучето му дава шепа на својот сопственик, сопственикот често реагира позитивно и го наградува, што дополнително го поттикнува ваквото однесување“, објаснува Вутен.
Овој гест го покажува задоволството на вашето куче, особено ако го правите додека го галите – во основа ви кажува дека му годи и дека треба да продолжите. Често ќе го прави тоа дури и ако престанете да го галите, како знак дека сака да продолжите.
Исто така, ако забележат дека нивниот сопственик е нерасположен, кучињата често сакаат да пренесат дека сè ќе биде во ред.
„Тоа е како да велат дека разбираат низ што поминувате и дека работите ќе се подобрат. Со овој гест тие покажуваат љубов. Сепак, кучето може да сигнализира дека не се чувствува добро со допирање со шепата. Од говорот на телото на кучето можете да разберете дали тоа е „среќна“ шепа или некој вид на повик за помош. „Ако е второто, кучето нема да бара награда како задоволство, туку удобност и чувство на сигурност“, додава ветеринарот.