Дали чувствувате пецкање кога допирате метални предмети? Еве еден трик како да се ослободите од струјата за кратко време
Веројатно ви се случило да почувствувате „пецкање“ или благ „електричен удар“ кога ќе допрете метален предмет, или друго лице.
Овој феномен е познат како статички електрицитет, кој може да биде особено непријатен во студените зимски денови, кога поминуваме повеќе време во затворени и загреани простории.
Што предизвикува „пецкање“?
Според експертот за здравствени прашања, д-р Мартин Скур, статичкиот електрицитет е предизвикан од нерамнотежа на електрични полнежи на различни површини, а се е поврзано со нашите чевли, облека или сувоста на воздухот во просторијата.
Одговарајќи на прашање од Силвија Тарнер, од Западен Мидлендс, во централна Англија, која била загрижена за „електрични удари“ кога дошла во контакт со прекинувачи, чешми и радијатор, д-р Скур рече:
„Поради некоја причина стварате електрицитет, веројатно со чевлите, облеката или тепихот, а синтетичките материјали може да го влошат проблемот. Кога два материјали се допираат и се раздвојуваат, тоа предизвикува пренос на електрони од едната на другата површина, што доведува до статички електрицитет.”
Како да се спречи оваа појава?
Постојат неколку работи што можете да ги направите за да спречите тоа да се случи. За почеток, зголемете ја влажноста на воздухот во просторијата, бидејќи во таква средина електроните се движат послободно.
Исто така, избегнувањето на синтетички материјали, како и чевли со гумен ѓон, може да помогне да се спречи статички електрицитет.
Конечно, едноставен трик со паричка ќе помогне, пренесува Daily Mail.
Земете паричка, допрете ја на метална површина и ќе се ослободите од „наполнетите“ честички на струја.