Дечково вели дека овој град од Балканот е најдобар за живеење на светот и собра 125.000 лајкови
„Мислам дека ова може да најдобриот град за живеење во светот. Цените на кириите се луди. Обично луѓето велат дека најдобрите градови за живеење се Виена и Мелбурн. Но, јас мислам дека грешат“, вели корисникот на ТикТок со име „basgoesoff“.
„Градот во кој се наоѓам сега има сè што сакаш и бараш во еден град. Мирен е и безбеден. Кога излегов навечер беше живо, а иако улиците стануваат прилично тивки, имаше различни и кул населби со убави барови, ресторани и жива музика“, продолжува тој.
„Градот е лоциран во една од најзелените држави во Европа. Се наоѓа во близина на планини, шуми, езера, реки … и е на само еден час возење од плажа. За убав стан со една спална соба се плаќа околу 600 евра месечно“, вели тој пред да заклучи:
„Секако, зборувам за … Љубљана“.