Дилета Леота во фустан кој не остава многу на имагинацијата
Една од најатрактивните, ако не и најатрактивна водителка во Италија, на своите 9 милиони фанови на Инстаграм секогаш им нуди нешто неочекувано.
Таа се појавила на „Санремо“ и парадирала во вечерна тоалета во кожа боја која привлекла големо внимание.
Дилета Леота и покрај неодамнешното породување има совршена фигура, па одлучила тоа и да им го покаже на сите со триумфалното чекорење на црвениот тепих.
„Сакам да изгледам женствено и да ја покажам својата фигура. Мислам дека е важно да се сакате и да се прифатите какви што сте без да се обидувате да се прилагодите на стандардите кои се нереални“, порачала Леота.