ЗабаваПопуларно

Донирала се што имала на 5 годишна возраст, па 13 години подоцна победила на лотарија!

Канаѓанката Џулиет Ламур е жив доказ дека доброто се враќа со добро, само треба да сме трпеливи! Или па сепак станува збор за коинциденција? Одлучете вие!

Кога Џулиет Ламур, имала само пет години, со тешко срце ја дала целата своја готовина што ја собирала во текот на нејзиниот живот со цел да помогне на жртвите од тогашен земјотрес во Хаити, што може да замислите не е баш едноставен потег за 5 годишно девојче.

Тогаш, Џулиет и нејзината сестра Софи ги испразнија своите заштеди(вкупно (61,38 долари), за помош од земјотресот на Хаити преку канадскиот Црвен крст.

Но да забрзаме 13 години напред. Џулиет Ламур сега има 18 години, завршила средно, запишана на факултет, и се спремаат тие големите студентски кредити од кои што нема опоравување и БАМ, Џулиет закова џекпот од 48 милиони долари …

Како што кажува таа, го купила својот ПРВ лотариски билет, да прв! Додека оставала сладолед за нејзиниот дедо, Џулиет го добила џекпотот

Дали е во прашање почетничка среќа, добра карма или само шанса? Кој знае, но првиот повик на Џулиет беше до нејзината мајка, која беше целосно воодушевена!

Доколку ви требаше причина да направите некоја добрина денес, нека ви текне на Џулиет!