Државата која е најдобра за растење на деца во 2025 година
Нов индикатор проценил 82 различни земји, а една зазела првото место кога станува збор за образование и трошоците за грижа за деца.
Преселување во странство не секогаш значи само подобрување на квалитетот на животот – за оние кои имаат семејства, преселбата во друга земја може да биде подобра, поприфатлива или побезбедна опција за партнерите и децата, пренесува Time Out.
Но, кои се земјите најповолни за семејствата? Новиот индекс за имиграција на Remitly дава одговор на ова прашање. Оваа компанија за меѓународни трансфери на пари ги анализирала 82 земји според 24 различни фактори и прогласила Исланд за најдобра земја за преселување воопшто.

Меѓутоа, ако одгледувате деца, постојат уште неколку фактори што треба да се земат предвид. За да ги утврди најдобрите земји за преселување на семејства, Remitly го истражувала трошокот за грижа за деца, просечниот број години на образование и очекуваниот број години школување во секоја земја.
На врвот на листата на „најсемејни“ земји во светот се најде Шри Ланка, бујната островска држава во Индискиот Океан. Таа освои висок семеен резултат од 88 од 100 благодарение на, како што опишува Remitly, „импресивниот образовен систем“ и ниските годишни трошоци за грижа за деца, кои изнесуваат само 354,60 долари.

Постојат многу причини зошто Шри Ланка е одлично место за живеење – изобилство од историски урнатини, бујна зелена природа и фантастична храна, само некои од нив.
Оваа земја е исто така рај за диви животни, со национални паркови како Уда Валаве и Кумана, кои се гордеат со неверојатно разновиден спектар на животни, вклучувајќи слонови, диви биволи, џиновски верверици, елени, крокодили, бели кобри и огромен број фасцинантни птици – звучи како неверојатно место за одгледување на деца, нели?

Шведска зазела второ место на Remitly листата, додека Норвешка е на третото место. Погледнете ги најдобрите 10 земји за семејства во светот:
Топ 10 најдобри земји во 2025 година:
- Шри Ланка
- Шведска
- Норвешка
- Нов Зеланд
- Исланд
- Германија
- Финска
- Данска
- Австралија
- Соединети Американски Држави