ЗабаваПопуларно

Една грешка на родителите го кочи напредокот на децата

Иако родителите се секогаш тука за своите деца и прават се за да ги направат среќни нивните малечки, има некои работи кои не треба да се прават за подоцна да им се олесни животот.

Денес, родителите се повеќе вклучени во детските животи од кога било – учествуваат на секој настан, ги решаваат сите детски проблеми и се грижат на децата ништо да не им недостасува. Иако таквата грижа на прв поглед изгледа позитивно, често може да има несакани последици, вели психологот и терапевт Џефри Бернштајн.

“Една од најчестите родителски грешки е прекумерната помош. Кога родителите постојано скокаат и решаваат предизвици наместо децата, децата не добиваат самодоверба или чувство на независност. Често стануваат немирни, избегнуваат покомплицирани задачи и тешко се снаоѓаат без постојана поддршка од родителите”, објаснува тој за Psychology Today.

Значи, ако често чувствуваме потреба да направиме се за своето дете или да го спасиме од секоја непријатна ситуација, можно е несвесно да ја испраќаме пораката: „Не можеш сам, ти требам“.

Долгорочно, таквиот пристап може да ја намали вербата на децата во сопствените способности и да им го отежне справувањето со проблемите.

Наместо тоа, клучот е да се обидете да се спротивставите на нагонот постојано да помагате и да им дадете шанса на децата да се обидат сами.

„Охрабрете ги да размислуваат за решение, пофалете го напорот, а не само резултатот и оставете ги да учат од своите грешки. На тој начин ја градите нивната издржливост и им испраќате порака дека верувате во нив“, заклучува Бернштајн.