Забава

Една од најлудите кладилничарски приказни што ќе ја слушнете: „Братот воскреснал во амбулантното возило“

Пак, скролајќи низ видеата на Инстаграм во потрага по контент за нашата верна публика, налетавме на една приказна од Србија, поврзана со спортското обложување.

Човекот чекал еден натпревар за 50.000 евра. Натпреварот тргнала добро за човекот, 1-0, 2-0, 3-0, и на тој резултат веќе се нарачувале пијалаци.

Меѓутоа, како одминувал натпреварот, било 3-1, 3-2 и потоа 3-3. Целата обложувалница занемела, а човекот што чекал 50.000 евра паднал.

Присутните повикале Итна помош, дошла Итната помош по него, го изнеле од обложувалницата и во еден момент некој почнал да трча по возилото и да вика: 4-3 е, 4-3 е, 4-3 е!

„Тоа веројатно го оживеало“, вели човекот од видеото, а видеото е крстено “Братот воскреснал во амбулантното возило”.