Забава

Жена откри урнебесен трик за да не оди на работа: Шефот ѝ поверувал дека е во болница благодарение на генијалната финта

Една корисничка на ТикТок сподели „финта“ за моментите кога не ѝ се оди на работа.

Убав ден, сонцето сјае, ветерчето дува само толку да не биде претопло, сè околу цвета … идеален ден за одмор, но повеќето луѓе имаат ист проблем – мораат на работа!

Токму затоа, една жена смислила генијално решение како да добие слободен ден без да земе од годишен одмор или да отвори боледување.

Таа се снимала додека му се јавува на својот шеф и му објаснува дека ѝ е лошо и дека ќе мора да направи дополнителни прегледи, поради што тој ден нема да може да дојде на работа.

И тука се поставува прашањето: Каде е финтата?

Клучниот трик е во звукот кој произведуваше „бип“ во позадина — всушност, тоа беше микробранова печка. Жената постојано го притискаше копчето на микробрановата додека му оставаше порака на својот шеф, а поради звучните сигнали во позадина, нејзиниот претпоставен „наседна“ на приказната.

Што мислите вие, дали ваков трик би поминал кај нашите шефови?