ЖИГ НА ЅВЕРОТ? Бројот 666 носи порака што никој не ја очекува – вистината ќе ве ИЗНЕНАДИ
Постојано го гледаш бројот 666? Не си луд – еве што универзумот сака да ти каже.
Ангелските броеви се насекаде околу нас – ги гледаме на часовникот, на регистарски таблички, на сметки од продавница … и тоа не е случајност. Секој број носи своја порака, а ако често го гледаш 666, можеби се прашуваш дали треба да се грижиш. Вистината е – нема место за паника. Напротив, овој број можеби ти испраќа важна порака: забави малку, пронајди рамнотежа и престани да се истрошуваш за сите освен за себе.
Што значат ангелските броеви?
Тоа се повторливи бројки – како 111, 222, 777 – што често се појавуваат во низа. Луѓето што се занимаваат со духовност веруваат дека тоа се знаци од универзумот, поддршка „одозгора“ во моменти кога најмногу ни е потребна. Не е важно дали веруваш во ангели – поентата е во пораката што ја носат овие броеви.

Зошто токму бројот 6 (и 666)?
Во нумерологијата, шестката претставува нежност, грижа, семејство и рамнотежа. Луѓето чиишто „животен број“ е 6, обично се тие што секогаш се грижат за другите, но често се занемаруваат себеси. Кога оваа бројка се повторува трипати – како 666 – пораката е уште посилна.
Што сака да ти каже бројот 666?
- Ти е потребна рамнотежа.
Можеби кариерата, стресот или проблемите те влечат на сите страни. Бројот 666-те повикува да застанеш, да се соземеш и да внесе повеќе мир – без разлика дали тоа е средување на домот, прошетка во природа или едноставно повеќе време за себе. - Претеруваш со нешто – време е за одмор.
Работиш преку свои граници? Се даваш за другите без престан? Можеби токму сега треба да кажеш „не“, да легнеш порано, да го исклучиш телефонот и да си пуштиш серија што ја сакаш. И тоа е форма на духовна грижа за себеси. - Уживај во сегашниот момент.
Бројот 666 нè потсетува дека животот е убав и дека не треба само да го „преживуваме“ – туку и да го чувствуваме. Одвои време да бидеш навистина присутен – со себе, со семејството, со природата. Исклучи го автопилотот.

Значењето на бројот 666 во љубовта
Ако си сингл:
Универзумот можеби ти порачува дека сега не е време по секоја цена да ја бараш љубовта, туку да ги негуваш односите што веќе ги имаш – со семејството, пријателите, па дури и со домашните миленичиња. Кога ќе се стабилизираш, љубовта ќе дојде полесно и поздраво.
Ако си во врска:
Бројот 666 може да укажува дека премногу даваш, а премалку добиваш. Не е грев да поставиш граници или да му кажеш на партнерот што ти треба. Исто така, ако размислуваш за проширување на семејството – можеби токму сега е вистинското време.
Накратко – бројот 666 не е злокобен знак, туку потсетник дека можеби си презел премногу, дека ти недостига мир и дека треба повеќе да се грижиш за себе. А тоа, да признаеме, сите понекогаш го забораваме.