Имав пет години кога мајка ми ме остави во продавница и исчезна: Сè уште ги паметам морничавите зборови што тогаш ги изговори
Мајка ѝ ја оставила кога имала само пет години. Ја посетила еднаш во домот за деца без родители, но не за да се извини – туку за да ѝ нанесе уште посилен удар.
Марија од Русија ја сподели својата потресна исповед во една група на Фејсбук.
– Денес сум среќна, мажена жена и мајка на три деца. Но, кога бев дете, не му требав на никого. Многу добро се сеќавам на тој период од мојот живот. Постојат моменти што постојано се обидувам да ги избришам, но не можам. Дури како тинејџерка дознав дека ни татко ми не ме сакал. Но, најужасното сеќавање е денот кога мајка ми ме остави сама во продавница. Имав само пет години.
Еден ден, заедно тргнале во купување, откако ѝ се пожалила дека е гладна.

– Злобно ме погледна и рече: „Го уништи мојот живот!“. Потоа ми нареди со остар тон да ја чекам кај фрижидерот со сладоледи, се заврте и замина – пренесува рускиот портал „Stil“.
Нејзината приказна продолжува со сцена од која тешко се опоравила.
– Ме забележа непознат маж и ми понуди да ми купи штрудла со мак – ја гледав долго. Никогаш нема да го заборавам вкусот на макот и солзите што ми се слеваа по лицето. Ни ден денес не можам да поднесам слатки – нивниот вкус ме потсетува на најлошиот ден во мојот живот: денот кога ме остави мајка ми.
Набрзо се нашла во дом за деца без родители. Се надевала дека мајка ѝ ќе се врати по неа.

– Месец дена пред да ме посвои едно семејство, мајка ми дојде во домот. Но, не за да плаче, да се извини или да побара прошка – туку да ми објасни уште еднаш колку моето раѓање ѝ го уништило животот. Рече дека поради мене ѝ стагнирала кариерата, дека не можела да ја најде среќата бидејќи никој не сакал жена со дете. И тогаш ја молев да не ме напушта, но таа се сврте и без трошка сожалување замина.
Денес, три децении подоцна, Марија има што да ѝ каже:
– Благодарам, жено, што ми даде шанса да пораснам во нормално семејство, каде родителите имаа доволно љубов да посвојат напуштено дете. Благодарам што, со твојата сурова постапка, ме научи да ги ценам оние што ме сакаат и се подготвени на сè за мене – завршува нејзината исповед.