Имав 12 години кога моето семејство освои премија на лотарија: Немавме ни за струја, но милионите ни го уништија животот
Неколку месеци по освојувањето на лотаријата, семејството се соочи со радикални промени.
Џејден Кларк, момче од Австралија, чие семејство освоило огромна сума на лотарија кога тој имал 12 години, отворено зборува за предизвиците на животот со ненадејно богатство и емоционалните тешкотии што тоа ги носи.
Приказната на семејството на Џејден започнува кога тој се вратил од училиште и ја затекнал својата мајка со чекови во рацете – доказ за неверојатната добивка што засекогаш им го променила животот. Неговите родители, кои претходно едвај успевале да ги платат струјата и водата, преку ноќ станале милионери откако неговиот татко играл лото.
„Тогаш не познававме никој што е богат“
Кларк ја сподели својата приказна на TikTok, објаснувајќи како тоа искуство го обликувало него и неговите односи со пријателите, бидејќи до тогаш не пораснал во богатство.
„Во тоа време немав поим за парите и колку ќе ни го променат животот“, рече тој.
„Мислам дека земавме две недели слободно од училиште за да испланираме како ќе живееме – не познававме никого што е богат, па моравме сè да сфатиме сами“, се присети тој.
Неколку месеци по освојувањето на лотаријата, семејството се соочило со огромни промени, а Џејден открива дека се сменил и нивниот начин на размислување.
„Кога ќе добиете лотарија, почнувате да гледате поинаку на работата и вредноста на парите. Тешко е да се чувствувате како нормална личност“, додаде тој.
Тој исто така откри дека неколку години по добивката, неговите родители се развеле.
„Ми беше срам да ја споделам оваа приказна на TikTok“
„Веќе некое време сакав да ја споделам својата приказна, но чувствував огромен срам поради тоа“, призна Кларк.
Често, објаснува тој, неговото семејство чувствувало дека не припаѓа во ниту еден социјален круг.
„Се чувствував како странец, чувствував вина што имаме пари.“
Иако многу луѓе се сочувствуваа со неговата приказна, некои коментираа дека никогаш не би ја споделиле таквата приказна со непознати луѓе на социјалните мрежи.