Забава

Има 11 деца со различни татковци и нема намера да престане: Негативните коментари преовладуваат, сите и кажуваат едно – срамота, престани да се размножуваш

Жена од Тенеси, позната како тикток девојката Фи, предизвика големо внимание откако ги сподели своите ставови за родителството во вирално видео. Таа родила 11 деца со 8 различни мажи, а сега се соочува со многу критики и негативни коментари на социјалните мрежи.

Во виралното видео, Фи објасни дека има дури и предности да има толку многу мажи во нејзиниот живот. Според неа, кога би имала само еден татко за своите деца, а тој заминал или умрел, децата би останале без татковска фигура.

„Да објаснам. Ако имаш еден татко, а тој исчезне, остануваш без никој. Но, ако имаш осум, дури и да ги нема тројца, децата сепак ќе имаат пет татковци – рекла Американката.

Го избришала профил на Тикток поради коментарите

Нејзиниот TikTok профил набрзо „исчезна“. Коментарите беа главно негативни. Многумина веруваат дека нејзините одлуки би можеле да имаат лоши последици за децата.

„Срам! За волја на Бога, престанете да се размножувате!“ е еден од коментарите.

Фи изјавила дека би сакала да има уште 19 деца за да го „заокружи“ вкупното на 30. Таа на шега спомна дека пронаоѓа мажи преку огласи. Таа тврди дека има добри односи со речиси сите татковци на нејзините деца.