Забава

Интернетот гори, го нападна инфлуенсерот поради неговите ставови: „Прав маж заработува, жената треба да готви“

Инфлуенсерот Мич Тречи се најде под будното око на следбениците и другите корисници на социјалните мрежи откако реши јавно да го каже своето мислење за жените. Тој јасно тврди дека машката енергија се рефлектира во пари, додека местото на жените е дома.

Инфлуенсерот е критикуван поради тврдењето дека жените не треба да заработуваат свои пари. Самопрогласениот претприемач Мич Тричи, кој живее во Дубаи, даде загрижувачки коментари на својот Инстаграм профил. Неговите коментари оттогаш предизвикаа бес, откако тој тврдеше дека „парите се машка енергија“ и ги охрабри жените да се фокусираат на готвењето.

„Мојата порака е да им помагам на мажите. Не можам да зборувам за жените“, гласеше неговиот одговор на приказната на Инстаграм. Не помина ни еден час откако се јави пак и продолжи да ги споделува своите размислувања за тоа каква треба да биде, според него, улогата на жената, пишува Дејли Стар.

„Парите се машка енергија, така што желбата на секоја жена да заработи пари е всушност машка. Треба да ја прифатите вашата вродена женска енергија давајќи приоритет на грижата за себе, негувањето на односите и обидувајќи се да бидете нежни и грижливи“, напиша тој.

Мич исто така тврдеше дека „женската супермоќ е нивната интуиција“. Тој истакна дека за партнерката се грижи во физичка смисла, додека таа за неговиот духовен живот.

„Може да има хармоничен спој што ќе ви овозможи да ги задржите вашите желби и амбиции додека зрачите со женска доверба и благодат во сите аспекти од вашиот живот. Колку повеќе жените го отелотворуваат ова, толку повеќе мажите ќе ја зголемат нивната вредност“, додаде тој на крајот.

Набрзо следеа одговорите и коментарите на луѓето, една жена напиша дека е сосема во ред жената да биде независна и да си плаќа, за да не мора да готви за некој друг, а друга додаде:

„Извини за инфлацијата, треба да навлезам во мојата женска енергија. Нема да можам да ја платам хипотеката. Не можам да ги зголемам часовите/приходите за да преживеам затоа што е премногу мажествено“.

Што мислите вие за ова?