ЗабаваПопуларно

“Казнeте го копилето сто илјади долари за секоја минута што не задржува!” – Шарлиз Терон бесна на Том Харди

Холивудските ѕвезди Том Харди и Шарлиз Терон ги преплавуваат медиумите откако се дозна дека на снимањето на „Mad Max: Fury Road“ Терон и Харди константно се расправале и имале конфликти во текот на цел филм но благодарение на нивниот професионализам, успешно го скриле тоа!

Еден од глумците од филмот ‘Mad Max’, Кајл Бјуканон неодамна издаде книга наречена ‘Blood, Sweat, and Chrome: The Wild and True Story of Mad Max: Fury Road’ каде што се изјави дека Шарлиз Терон всушност се плашела од нејзиниот колега, и имала побарано обезбедување на сцената токму од Том Харди.

Во филмот од 2015 година, Терон ја играше улогата на Фуриоса, додека нејзиниот колега Том Харди ја играше главната улога на Макс Рокатански.

Всушност и другите членови на актерската екипа за филмот исто така го обвинуваа агресивното однесување на главната ѕвезда на Лудиот Макс. На сетот благодарејќи на неговото непрофесионално однесување имало моменти кога целата екипа морале да го чекаат долги часови само за да започнат со снимањето, особено за снимањето во пустината на Намибија.

Поради ова дошло до многу долги одложувања во продукција, коешто влијаело врз актерската екипа, а особено влијаело врз победничката на Златен Глобус, Шарлиз Терон, која во тоа време била нова мајка и имала други должности како на пример чување на бебето во текот на снимањето.

Марк Гоелнихт, еден од камерманите за влимот тврдеше дека директорите барале од Харди да биде на време, но тоа не сменило ништо бидејќи Харди сепак каснел, а од друга страна Терон секогаш била на време. “Сакаше да докаже поента” кажа Гоелнихт “Не одеше во тоалет, не правеше ништо, едноставно седеше на сцена и чекаше“

Гоелнихт кажа дека Терон го изјави своето незадоволство со Том Харди кажувајќи “Казенете го копилето сто илјади долари за секоја минута што ја има задржано оваа актерска екипа! Кое што го дослушнал Харди па одлучи да стапи во конфликт со Терон, се приближи и ја праша ‘Што ми кажа ти на мене?’ беше доста агресицен, Терон се осети загрозено и тоа беше тоа.” изјави камерманот на хит филмот.

Филмот генерираше 415.2 милиони во профит и се смета за многу успешен филм. Но дали ќе ги видиме Харди и Терон повторно заедно во филм, останува да видиме