Која тајна ја крие бројката на вашиот дом? Во бројот 4 чести се кавгите, а во бројот 5 дефектите — еве кој број носи пари и љубов
Бројот на куќата или станот каде што живеете има единствено значење и силно влијание врз луѓето кои престојуваат таму.
Според нумерологијата, дури и бројот на вашиот дом говори за тоа каква е енергијата во него. Секој број има своја симболика и енергетско влијание врз жителите.
Како да го пресметате бројот на вашиот дом?
До овој број се доаѓа преку едноставно собирање. Се земаат предвид бројот на зградата, односно куќниот број, и бројот на станот (доколку се работи за зграда). Тие се собираат, и резултатот се сведува на едноцифрен број. Потоа, на тој број му се додава вашиот број на биоритам. Со добиениот број, прочитајте каква е енергијата во вашиот дом и како таа ве влијае.
Пример:
Број на зграда: 47 → 4 + 7 = 11 → 1 + 1 = 2
Број на стан: 4 → 4 + 2 = 6
Број на биоритам: ден + месец на раѓање
Ако сте родени на 23.09 → 2 + 3 + 9 = 14 → 1 + 4 = 5
6 (дом) + 5 (биоритам) = 11 → 1 + 1 = 2
Ова е бројот што ја одредува енергијата и влијанијата на вашиот дом.
Што значи секој број?
1 – индивидуалност и оригиналност
Домот е полн со идеи и нови проекти, успехот доаѓа преку предизвици. Финансиски е поволен, но може да носи осаменост и емотивна затвореност. Препорачани бои за подобра енергија се златна, жолта и темнозелена.
2 – промени
Во овој дом никогаш не е здодевно. Жителите се често фокусирани на работа од дома, патувања, технологии или алтернативна медицина. Склони се кон чести почетоци одново и погрешни деловни одлуки. Проблеми со вода се чести – на пример, протекување во бањата. Важно е да се отстранат непотребни предмети и да има многу светлина и проветрување.
3 – перфекционисти
Духовити, верни и малку екстравагантни. Имаат цврсти ставови за слободата и верата. Често премногу трошат. За подобра енергија се препорачуваат сини нијанси и природно дрво.
4 – комплицирано место за живеење
Симболизира конфликт – постојан судир меѓу стабилноста и промените. Жителите се емотивни, духовни и со голема внатрешна сила. Важно е да постават приоритети.
5 – хармонија и емоции
Дом исполнет со смеа и комуникација. Жителите се успешни во бизнисот, но чести се мали дефекти и расеаност (заборавени клучеви, расипани апарати). Предмети од метал можат да ги ублажат негативните влијанија.

6 – решителност и цврсти ставови
Дом со две енергии: или е многу смирен, или бучен и нестабилен. Жителите се креативни и посветени на хобија кои ги релаксираат. Препорачани бои се жолта и зелена, а дневната соба треба да биде пријатна и топла.
7 – фантазија и духовност
Бројот поттикнува на соништа, но и ранливост. Жителите често имаат различни ставови од останатите и се многу креативни. Често имаат домашни миленичиња.
8 – почит, сила и стабилност
Домот носи авторитет, углед и во одреден момент – слава. Жителите се одговорни, семејно ориентирани и ја негуваат традицијата. Љубовта и пријателствата се важен дел од животот.

9 – поделби и различни темпераменти
Жителите се иницијативни, знаат што сакаат и се борат за тоа. Снаодливи се и успешни, но често доаѓа до напнати односи и недоразбирања во домот.