ЗабаваПопуларно

Кристина има 22 деца, а сака да има 100: „Трошиме 400 евра неделно“

Благодарение на сурогат мајчинството, Кристина Озтурк е мајка на 22 деца и нема намера да престане.

Оваа блогерка со руско потекло заедно со нејзиниот сопруг, милионерот Галип (57) од 2020 до 2021 година добија 21 бебе преку сурогат мајчинство, а најстарата ќерка ја роди по природен пат.

„Отсекогаш сонував да имам големо семејство, а и мојот сопруг го сакаше истото. Откако се запознавме, тргнавме да го оствариме нашиот сон. Не знам дали сме најголемото семејство на светот, но знам дека сме најсреќни“, рече Кристина.

Таа кажа и колку пари троши само за децата.

„Неделно трошиме околу 3.500 до 4.200 евра за резерви за бебиња, понекогаш помалку, понекогаш повеќе. На дадилките им плаќаме околу 400 евра неделно. Моментално живееме во куќа на три ката, а во иднина ќе треба да градиме или купиме поголема куќа. Сè уште немаме точен план, засега има место за сите нас“.

Иако многумина ја критикуваа за бројот на деца, Кристина не планира да престане. Нејзината цел е да има 100 деца, а моментално има 16 дадилки кои и помагаат во домашните работи.