Кристина по само 7 дена врска ги напушти сите и се пресели кај љубовникот во Африка: Сега очекуваат бебе, а луѓето сè уште ги бомбардираат со навреди
Кога љубовта е вистинска, нема граници — тогаш преселбата не само на друг континент, туку и на друга планета не е проблем. Правилата се забораваат, а различностите стануваат неважни. Најдобар доказ за тоа се Кристина Савина и Сем Џума, еден од најпознатите „мешани“ парови на социјалните мрежи, со речиси еден милион следбеници само на ТикТок.
Нивната љубовна приказна заслужува — ако не филм — барем роман. Кристина Савина (30) од Казахстан и Сем Џума (31) од Уганда се запознале пред осум години во бар на Куба. Таа била таму на одмор со семејството, тој со пријатели.
Како што често се случува на егзотични дестинации, љубовта пламнала на прв поглед. Зашто, како поинаку да се објасни тоа што само по седум дена одлучиле да започнат заеднички живот?
Потегот, сега е јасно, бил вистински. Но секогаш има едно „но“ … Во некои делови од светот сè уште постојат предрасуди кон луѓе од различна раса и боја на кожа. Кристина сигурно не ѝ било лесно да го напушти сè и да се пресели во Кампала, главниот град на Уганда. Но, не се двоумела. Верувала во својот избраник и останала доследна на својата храбра одлука. И денес живеат таму.
Најновата и најсреќна вест – наскоро ќе станат родители. Својата најголема желба ја споделија со следбениците. По години заеднички живот, јасно е дека никакви предрасуди или пречки не можат да ја нарушат нивната хармонија. А имало и многу такви.
„Во рестораните, персоналот често нè третира различно – како мене да ме почитуваат повеќе. Ми поставуваат повеќе прашања и ми воспоставуваат контакт со очите, додека во Сем зјапаат или го гледаат кришум. Има и луѓе кои нè навредуваат на мрежите, но мислам дека само бараат внимание“, изјавила Кристина за NeedToKnow, додавајќи дека многумина мислат оти таа му е адвокат, или дека тој ѝ е туристички водич.
Во минатото добивале и бројни навреди, но одлучиле да ги претворат во хумор. Почнале да одговараат на негативните коментари преку видеа, со доза на иронија и смеа.
„Не обрнуваме внимание на тоа како некои нè гледаат. Си изградивме силна основа која никој не може да ја сруши. Кога ќе го најдеш вистинскиот, ништо друго не е важно“, вели Кристина.
Признава дека многу нешта се случиле одеднаш. Се чувствувала нервозно кога се преселила во Африка, свесна дека ја остава фамилијата и се сели во целосно поинаква средина.
„Но, истовремено бев возбудена – започнував ново поглавје. Уште од првиот момент кога го видов во барот, знаев дека тој е вистинскиот. Нашите семејства не нè осудија. Видоа дека сме среќни и се сакаме. Љубовта нема боја. Моите родители ни посакуваат сè најдобро. Во Сем препознаа добрина, тоа многу ни помогна“, додава таа.
Кристина и Сем наскоро ќе стапат во брак. Не планираат да ја напуштат Африка – напротив, сакаат да основаат училиште во својата заедница.
„Тука го најдовме нашиот мир. Сè е полесно и луѓето се љубезни. Кристина ја третираат како кралица каде и да оди. Африканците ги сакаат сите луѓе“, заклучува Сем.