Купила нови панталони и во нив пронашла парче хартија: Била повеќе од шокирана кога сфатила за што се работи
Погледнав во џебот и видов парче хартија. Отпрвин мислев дека тоа е порака, но кога го одвиткав…
Дваесетгодишната Пејтон Вилсон купила панталони во продавница позната по ниските цени, а во еден момент забележала дека има нешто во џебот. Сепак, со оглед на тоа дека првпат ги облекла, знаела дека не може да биде нешто што е нејзино.
Кога решила да види за што се работи, потценување е да се каже дека била шокирана, бидејќи во џебот цело време носела крвав тампон, кој бил завиткан во парче хартија од училишна тетратка.
– Погледнав во џебот и видов парче хартија. Отпрвин мислев дека е порака, но кога ја одвиткав видов крв и тампон. Бев згрозена. Кој нормално би го направил тоа?! – вели Вилсон.
Интересна случајност е тоа што Пајтон работи во лабораторија каде се врши анализа на крвта, па поради безбедносни правила веќе имала гумени ракавици на рацете и со тоа ја намалила можноста за можна зараза.
– Новите панталони секогаш ги перам пред да ги облечам, а отсега дефинитивно ќе ги проверувам сите џебови – заклучила таа за „The Sun“.