ЗабаваПопуларно

Ларса Пипен трауматизирана и засрамена од коментарите на Мајкл Џордан за нејзината врска со неговиот син!

За тие од вас којшто не се запознаени, Мајкл Џордан и Скоти Пипен освен што беа убиствено дуо за Чикаго Булс во 90-тите, сега ќе бидат и сватови!

Имено, синот на Мајкл Џордан, Маркус, е веќе во долга врска со ќерката на Скоти Пипен, Ларса. Ова претставува мал проблем за најдобриот кошаркар на сите времиња бидејќи односите меѓу Џордан и Пипен не се на добро место. Особено по документарното видео на Мајкл Џордан “Last Dance” во кое имаше сегмент каде што Џордан го набеди Пипен дека се откажал од тимот, и секако дека тоа не беше баш добро прифатено од Скоти Пипен.

Неодамна, коментар на Мајкл Џордан за врската на својот син не беше добро прифатена од Ларса Пипен. Џордан јавно изјави дека тој не ја поддржува врската помеѓу неговиот син и Ларса Пипен. Додатно ја искомплицира ситуацијата тоа што во истиот ден, Маркус и Ларса имаа интервју каде што потенцираа дека нема никакви проблеми помеѓу двете фамилии. Но од кога Мајкл Џордан ја даде својата изјава, интервјуто не беше покажано никаде.

На нивниот поткаст „Separation Anxiety“, Ларса кажа дека е посрамена од коментарите на Мајкл Џордан. Маркус сепак кажа дека татко му испил повеќе текила од што му држело па наводно се зафркавал, но Ларса и не се сложува баш.

„Мене не ми беше смешно, не гледам ништо смешно во врска со таа ситуација, помалце и ми е срам“ кажа Ларса која мислела дека сè е во ред од кога повеќе пати Маркус и го потврдил тоа.

„Бев трауматизирана, ми беше незгодно дека на сите им кажав дека е ок и сега ќе мислат дека сум ги лажела“

Маркус тврди дека татко му повеќе пати се јавил да ги увери дека нивната врска не е никаков проблем.