Луѓето не можат да поверуваат колку заработува една американска стјуардеса месечно: „Како е тоа можно?“
ВИДЕО од американска стјуардеса во кое открива колку месечно заработува стана вирално.
Девојката, која на социјалните мрежи се претставува како Жозет Никол, веќе 14 години работи за Southwest Airlines. Во видеото што се прошири на интернет, на шеговит начин се пожали на својата работа, а потоа откри дека нејзината месечна плата изнесува 9.980,66 долари (околу 8.851,97 евра). Во описот појасни дека станува збор за бруто-износ, и дека месечно работи приближно 150 часа. Додаде и дека, благодарение на добро испланиран распоред, често зема дополнителни летови.
Разлики меѓу државите
Во коментарите многумина напишале дека не им е јасно како е можно да заработува толку многу. Видеото беше споделено и на Инстаграм, каде што се отвори дискусија за тоа дали таква плата е реална, а некои корисници објаснија дека со оглед на нејзиното долгогодишно искуство, таков приход е сосема возможен. Една стјуардеса од Европа се пожали на разликите меѓу државите, велејќи дека нејзината месечна плата никогаш не надминала 3.000 евра.

Според достапните податоци, во Соединетите Американски Држави стјуардесите и стјуардите заработуваат значително повеќе отколку во повеќето европски земји – особено со поголемо искуство и во големи авиокомпании. Поискусните стјуардеси често имаат поголеми основни плати, подобри рути и повеќе контрола врз својот распоред.