18+Забава

Мажени жени откриваат зошто ги изневеруваат своите мажи – причината ќе ве шокира!

Дури 22 отсто од Американките кои се во брак немаат сексуални односи, а ни останатите земји не стојат многу подобро по тоа прашање. Во Велика Британија, 18 отсто признале истото, а потоа следат Шпанија (12 отсто), Франција (9 отсто).

Зошто луѓето во брак се впуштаат во афери? На ова прашање одговор се обиде да даде платформата Ashley Madison – интернет-страница позната токму по тоа што нуди можност за афера на личности кои се веќе во брак. Иако самата идеја за ваква платформа за многумина е контроверзна, бројките зборуваат сами за себе – интересот постои, и тоа значаен.

Во ново истражување во кое учествувале 74.600 членови од 26 земји низ светот, целта била да се открие што ги тера луѓето да се регистрираат на „страница за изневерување“. Клучното прашање било колку често имаат сексуални односи во бракот – а тоа било ставено во директна врска со нивната одлука да бараат партнер надвор од врската.

Резултатите се прилично јасни: главната причина за впуштање во афера е недостатокот од секс во бракот.

Апсолутни „рекордерки“ по ова прашање се Американките – дури 22 отсто од испитаничките изјавиле дека повеќе немаат никакви сексуални односи со сопругот.

Ситуацијата не е многу подобра ни во другите земји. Во Велика Британија, 18 отсто признале истото, во Хонг Конг 16 отсто, Шпанија 12 отсто, Франција 9 отсто, а Италија и Бразил по 8 отсто.

– Во САД брачните парови се соочуваат со исти дилеми како и во другите земји, но не очекувавме дека резултатите ќе покажат дека секоја петта жена живее во брак без секс – велат од Ashley Madison.

Очигледно е дека недостатокот на интимност остава длабоки последици, а многумина не го бараат решението во разговор со партнерот, туку на интернет – и тоа на место кое отворено нуди „бегство“ од брачната рутина.