ЗабаваПопуларно

Матурантка направи скандал со фустанот: Длабокото деколте ги шокираше сите, а еве што направи директорката на училиштето (ВИДЕО)

Нејзините врсници не го сметаа фустанот за скандалозен. Еден од студентите рече: „Тоа беше сосема неважно за мене и за моите пријатели. Можеби родителите дадоа мал коментар, но тоа е се. Нејзиниот изглед е нејзина работа, а не работа на интернетот“.

За многу матуранти „последното ѕвоно“ (во руските училишта има посебна прослава на последниот ден од наставата што го нарекуваат последно ѕвоно независно од матурската вечер) е момент за славење, солзи и гламур, но за Викторија од Санкт Петербург овој ден се претвори во интернет драма на денот. На социјалните мрежи се крена жестока дебата поради нејзиниот избор на фустан – додека едни го пофалија нејзиниот изглед, други ја обвинуваа за лош вкус и непримерност.

Се започна како едноставна снимка од училишен настап со песната Summertime Sadness. Атмосферата во салата беше типична – момци во костуми, девојки во елегантни фустани, додека камерата не ја сними матурантката Викторија во розов фустан со длабоко деколте, што за многумина беше „скандал“.

„Дали е ова училишна матура или аудиција во кабаре? напишаа критичарите. „Каде гледаа родителите?“, „Премногу предизвикувачки за училиште“, „Девојчето е убаво, но фустанот е катастрофа“, беа коментарите.

Но, Викторија – ладна како шприц. Таа на критиките одговори со хумор, а нејзините клипови на TikTok на оваа тема веќе собраа милиони прегледи. Во една од нив таа дури рече: „Сите хип, освен мене“.

Сите на нејзина страна

Како што пренесуваат руските медиуми, станува збор за училиште во областа Калинин во Санкт Петербург, а видеото не е од самата матура, туку од свеченоста по повод последниот училишен ден.

Нејзините врсници не го сметаа фустанот за скандалозен. Еден од студентите рече: „Тоа беше сосема неважно за мене и за моите пријатели. Можеби родителите дадоа мал коментар, но тоа е се. Нејзиниот изглед е нејзина работа, а не работа на интернетот“.

Ниту училиштето не реагирало строго – директорката само усно ја опоменала Викторија и нејзините родители, но не била поведена дисциплинска постапка.

Семејството јасно застана зад неа, наведувајќи дека не виделе ништо срамно во нејзиниот стајлинг.

„Тоа е свечен фустан, соодветен за приликата. Училиштето е училиште, но и последното ѕвоно е празник“.

Од управата на училиштето тогаш најавија дека во иднина ќе посветат поголемо внимание на кодексот на облекување и комуникацијата со родителите за кодексот на облекување за училишните настани.