ЗабаваПопуларно

Мајката на Мајли Сајрус го украде дечкото од ќерка си!

Фамилијата Сајрус се наоѓа во вистинска љубовна дилема. Имено, помладата сестра на Мајли, Ноа Сајрус неодамна се наоѓаше во врска со актерот Доминик Пурсел

Како што ијавуваат медиумите, Ноа и Доминик биле во „врска без обврска“ но после извесно време дошло до голем пресврт!

Пурцел (по познат улогата на Линкон Бароус во хит-серијата Призон Брејк) влезе во врска со мајката на Мајли и Ноа, Тиш Сајрус.

Како што кажува нивен близок пријател „Ноа и Доминик имаа отворена врска. Одеднаш тие прекинаа да се гледаат и оттогаш Тиш почна да работи на случајот“. Наводно, мајката на девојките добро била запознаена за врската помеѓу Пурсел и ќерка си и штом се покажала можност, таа воопшто не чекала.

Во чуден сплет на околности, Тиш Сајрус и Домоник Пурсел стапиле во брак во 2023 година, а бракот го правеле во дворот на Мајли Сајрус. Секако дека Ноа Сајрус не присуствуваше на церемонијата, индицирајќи дека не е сè сјајно во фамилијата Сајрус.

Додека Мајли Сајрус остана незапознаена за драмата што се одвиваше, откако дознала таа се соочила со нејзината мајка. Иако Мајли ја гледа ситуацијата како чудна, нејзината примарна грижа е среќата на нејзината мајка, што ја натера да застане цврсто на страната на мајка си. Спротивно на тоа, Ноа се усогласува со нејзиниот татко, Били Реј Сајрус, со кого дели длабока врска, илустрирајќи ја сложената динамика што се игра во домаќинството Сајрус.