ЗабаваПопуларно

Морничавите пророштва на Ванѓа за 2025 година: „Европа ќе биде пустош, го гледам почетокот на Третата светска војна“

Овој свет, каков што го познаваме, ќе заврши во 5079 година. Малку пред тоа, луѓето ќе ја откријат границата на вселената, но никој не знае што се наоѓа подалеку, стои во пророштвата на Баба Ванѓа.

Во пролетта ќе започне војна на истокот. Ќе избие Трета светска војна. Источната војна ќе го уништи Западот, а Европа ќе стане пустош. Русија не само што ќе преживее, туку ќе доминира со светот, прорекла Ванѓа за 2025 година, пренесува “Mirror”.

„Русија ќе владее со светот“

Некои „експерти“ за пророштвата на Ванѓа веруваат дека во нејзините зборови препознале нов господар на светот – Владимир Путин.

Во своите бројни пророштва, таа најавила дека оваа година ќе дојде до голем конфликт во Европа што ќе остави катастрофални последици, но тоа ќе биде само почеток.

Контакт со вонземјани и разорни војни

Според пророштвата на Ванѓа, луѓето конечно ќе воспостават контакт со вонземјани во 2025 година.

Како што објави “NY Post”, во следните 3000 години ќе следат брутални војни, во кои главното оружје ќе биде насочено кон истребување – нуклеарно оружје.

Заразни болести ќе ги уништуваат преживеаните, како што се рушат домино коцки – една по друга. Луѓето ќе умираат еден по друг, без начин да го спречат тоа.

На својата смртна постела, Баба Ванѓа предупредила дека луѓето не се сами на Земјата.

  • На Земјата оддамна живеат дојденци од други светови.
  • Од каде доаѓаат?
  • Од планетата Вамфим – рекла Ванѓа.

Според неа, таа е третата планета од Земјата, но не прецизирала од каде се гледа, ниту во кој правец.

Крајот на светот во 5079 година

Според нејзините пророштва, светот ќе заврши за околу 3000 години.

  • Овој свет, каков што го познаваме, ќе заврши во 5079 година. Малку пред тоа, луѓето ќе ја откријат границата на вселената, но никој не знае што се наоѓа понатаму
  • Но, луѓето ќе решат да ја преминат.
  • Тоа ќе го донесе крајот на светот – прорекла Ванѓа.